×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како до твојата органска кутија:

Целата свежина на тазе берените органски производи, сега достапна до вашиот куќен праг. Составете ја својата органска Домато кутија со најсвежиот, најздрав и највкусен органски зеленчук.

Достава: секој четврток

  1. 1. Избери ден за достава четврток и термин кој ти одговара
  2. 2. Избери производи од органската кутија
  3. 3. Надополни ја со останати органски производи или други производи
  4. 4. Очекувај нѐ на твојот куќен праг

Нарачките за производите означени со органска кутија се затвараат секоја среда во 10 часот.

Дознај повеќе

Органска кутија

Откриј ги сите органски производи Откриј ја целата понуда на Домато

Органска Домато кутија

Вие составувате, ние доставуваме органски кутии од локални мали фарми, производители на сертифицирана органска храна. Целото органско овошје и зеленчук во кутијата доаѓа од повеќе региони на нашата земја, а истото се сади и негува со многу внимание и посветеност. Со големо внимание за вас ги избираме домашните органски производители, локални фармери кои соработуваат со природата и искрено се грижат за квалитетот на своите производи.

Сезонските земјоделски производи кои ги нуди органската Домато кутија се богати со вкус, одлични за здравјето и пријатели на животната средина! А бидејќи сме свесни за нашата околина целото пакување на органската Домато кутија е биоразградливо!

Составете ја вашата совршена органска кутија со само неколку клика и останете опуштени во својот дом заштедувајќи незаменлив дел од вашето време.

Кога?!

Денот за достава е четврток.

Согледувајќи ги сопствените потреби, во текот на целата седмица можеш да ја дополнуваш својата органска кутија.

Бидејќи органските земјоделски производи се набавуваат од сите реони на нашата земја, нарачките може да ги правиш најдоцна до среда до 10:00 часот, односно еден ден пред закажаниот датум на достава.

Минимална вредност за нарачка е 1000 денари, но таа може да биде искомбинирана и со други производи од нашата органска или останатата палета на внимателно избрани производи.

Зошто органскиот зеленчук на Домато?

СВЕЖО

Нашиот органски зеленчук се собира вечерта пред да биде доставен до твојот куќен праг. Набран и доставен по највисоки стандарди.

ПРИРОДНО

Органскиот зеленчук во Домато се одгледува од внимателно избрано органско семе во услови набљудувани и сертифицирани од акредитирани лаборатории.

Секој производ во Органската Домато кутија е органски сертифициран.

СВЕСНО

Ние сме свесни за нашата околина - целото пакување на Органската Домато кутија е биоразградливо!