Промотивно во месец октомври - минимален износ на нарачка 500 ден.
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Препорачано од Slow Wine 2021

Slow Wine ја преточува филозофијата на Slow Food  за добро, чисто и правично вино.

Slow Wine е водич низ светот на виното, преку кој се раскажуваат уникатни приказни, преку избраните вина, кои ги презентираат страста на локалните винари, биодиверзитетот во лозјата и поднебјето од кои потекнуваат.

Водичот ја охрабрува  примената на традиционалните и одржливи техники на производство  и воведува нови критериуми за квалитетни вина со извонредни сензорни карактеристики и фер цени.

Slow Wine дава препораки за вина, но истовремено и едуцира за вино, дава предлози за дегустација и ве поведува на вински тури во винариите на средба со винарите, да ги запознаете нивната филозофија и вински приказни со чаша вино во рака.