Промотивно во месец октомври - минимален износ на нарачка 500 ден.
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Италијански панини

Во текот на шеесетите на минатиот век двете парчиња леб со “нешто измеѓу ” подготвени во баровите ширум цела Италија стануваат епицентар на социјални искуства, на средби и дружење. Со текот на годините до денешен ден италијанскиот сендвич станува емблем за брзина, практичност и одличен вкус.

Она што го одвојува од останатиот дел од светот на уличната храна е кративноста во комбинациите на вкусовите, неговата врска со локалната култура и подготовка со типични производи со заштитена ознака за потекло.

Италијанските сендвичи се безброј комбинации од најгурманските сувомеснати и италијански сирења и кашкавали, свеж зеленчук, зеленчук на скара и се разбира традицонални италијански лепчиња. Нивна одлика се едноставноста и традицијата која дише заедно со секојдневното живеење.

За оние што ги пробале знаат, за останатите референца нека биде кога од самата помисла на нешто убаво за јадење буквално почнуваат да “ течат лиги”.

Направивме овие гастрономски богатства да станат достапни и во вашите домови и ви нудиме превкусни комбинации кои сами ќе ги подготвите брзо и едноставно.



 


Тестенини, Леб и Ориз → Панини

состојки за 6 мали панини
446 ден. 401 ден.
состојки за 8 панини
495 ден. 446 ден.