×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Primoljo

Примолjо – над 20 години посветеност, страст и семејство.

Приказната за семејството Примичери ди Казарано, мелничари веќе две генерации, започнува со таткото Марко кој ја купи својата прва мелница за маслинки во соседниот град.

Во 1995 година, кога починал Марко, Роко, најстариот од неговите деца за да го одржи ветувањето дадено на својот татко, го продолжил патот по кој се движел.

„Јас пораснав на леб, масло и мирис на сено. Мене тоа место ми беше дом, место за играње и поминување време со тато. Тогаш, кога него повеќе го немаше, играта се претвори во страст, посветеност и затоа решив, заедно со моите браќа, Козимо и Фернандо, иако многу млади, да го продолжиме проектот на татко ми, држејќи ја неговата волја да остане обединет, но почитувајќи ја автономијата и ставовите на сите тројца...“

- Роко Примичери -

Роко продолжува да живее и ја „чува“ мелницата, сега многу поголема од онаа во која играше како дете, со најсовремена опрема, сместена во Казарано и која стана референтна точка за целата територија. Се занимава со трансформација и со логистика.

Козимо, кој отсекогаш имал силна врска со земјата и со маслиновите дрвја, секој ден дава глас на својата земјоделска вокација, лично грижејќи се за семејните хектари земја и секогаш внесувајќи додадена вредност во секторот кој, иако останува врзан за традицијата, треба постојано да иновира.

Фернандо е душата на Примолјо, комерцијалниот дел на компанијата, најмладиот од браќата, но и „најтврдоглавиот“. Неговата тврдоглавост и неговиот претприемачки дух имаат заслуга што го донесоа Примолјо на трпезите на Италијанците и ја направија компанијата и нејзините производи познати во странство, особено во Германија, Јапонија и во Русија.