Промотивно во месец октомври - минимален износ на нарачка 500 ден.
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Планиниски костен од с.Доброште среден

Во кошничка имате 0 гр.
  • 160 ден.

Прошетка низ есенската шума, крцкање на суви лисја и некаде помеѓу нив се и костените, иконата на есента. Овие костени ни доаѓаат од с.Доброште. Тие се собираат спонтано во шумата пред да се најдат во рерната. Одлични се и варени, како основа за познатото “пире од костен”. 

Својства и придобивки на костените:

Костените се богати со растителни влакна и минерални соли. Корисни се во случај на психофизички замор, благодарение на нивниот висок степен на калории и за време на бременоста поради фолната киселина која ја содржат. Изобилството на сложени јаглехидрати ги прави слични во однос на хранливата вредност со житарките. Костените го намалуваат холестеролот, ја ребалансираат бактериската флора. Содржат витамини од групата А, група Б, Ц и Д. Содржат и калиум, фосфор, сулфур, натриум, магнезиум и калциум.

Како да користите костени при готвење?

Сите знаеме за печени или варени костени. Но, обидете се да ги трансформирате во крем за полнење на колачи или додадете ги во префинето рижото.

Наименување Костен
Состојки Костен
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса

Слични производи