×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пица со тесто од леќа (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 804 ден.

Вкусна, хранлива и идеална за целото семејство?

Заедно со нашиот нутриционист подготвивме пакет намирници со кои лесно ќе може да  направите "Пица од леќа" во вашиот дом.

Главна компонента е леќата, а еве и накусо зошто треба да ја вметнете во исхраната:
✔️ Леќата изобилува со Б витамини, магнезиум, цинк и калиум. 
✔️ Богатството на растителни влакна поволно влијае на цревната перисталтика и на содавањето на “добри” бактерии во цревната флора. Сето ова многу поволно влијае на имунитетот. 
✔️ Овој рецепт е безбеден и за дијабетичари.
✔️ Се препорачува и за сите кои имаат проблем со анемија (само е потребно да го исфрлите кашкавалот во вашата верзија).


1. Состојки за тестото:

  • 100 гр ситна леќа од Alce Nero 
  • 50 мл вода
  • 1 еко јајце
  • 2 лажици интегрално брашно Alce Nero
  • 1 чешне лук
  • 1/4 кромид
  • 1 лажичка сода
  • 50 мл вода

2. Состојки за топинг:

  •  кадифено доматно пире Alce Nero
  • 80 гр кравји кашкавал
  • малку сецкан кромид
  • неколку маслинки (опционално, може да ги нарачате тука)
  • свеж босилек (опционално, може да го нарачате тука)


Постапка:

Претходно покиснатата леќа во вода (најмалку 1 час) ја цедите, потоа убаво ја плакнете. Ја ставате во блендер заедно со сите состојки за тестото и блендирате додека не добиете мазна смеса. Добиеното тесто треба да е малку погусто од она за American pancakes. Ако е премногу течно, додатете уште малку брашно. Смесата ја обликувате по желба и ја ставате во загреана рерна на 180 степени 10-15 мин. Потоа ја вадите, ги ставате топинзите и потпекувате уште 15-20 мин.

Во однос на намирниците овој оброк е од 6+ месеци, или откако сте ги вовеле сите намирници во исхраната. 

1 тесто е доволно за 2 детски оброци и задоволува околу 1/4 од дневните калориски потреби на дете од 1 година.


Наименување Намирници за пица од леќа
Количина 5 оброци
Нутритивна вредност во 1 тесто
Енергетска вредност 479 Kcal
Јаглехидрати: 69 гр
Шеќер 5,4 гр
Протеини 32,6 гр
Масти 6 гр
од кои заситени: 1 гр
Влакна 33 гр

Слични производи