×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Еколошки течен детергент со алепо и вербена

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 278 ден.
  • 250 ден.

Облеката е наша втора кожа и затоа препорачливо е да се грижиме за неа со најголема почит. Детергентот за перење Winni’s е создаден од органски состојки, хипоалерген е, тестиран е за присуство на хром, никел и кобалт (вредност ˂ 0,02 делови на милион), а само таков е добар за кожата.

Зошто е добар?

Пере и отстранува флеки и на ниски температури (добивате заштита на енергија и повеќе заштита на средината). Остава цветно - свеж мирис. Мирисот на врбинка му дава цветни ноти, а мирисот на алепо сапунот, сапун произведен од маслиново и ловорово масло, мириса на свежо и чисто. Биоразградлив, составен од природни суровини и не ја загадува животната средина. Идеален е за секаков вид на материјали и ткаенини од најчувствителна до обоена. Одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди. Достапен е и со мирис на лаванда.

Начин на употреба:

Winnii’s течниот детергент е концентриран: кoристете го според тоа колку се валкани алиштата и тврдоста на водата, ставајте детергент само колку што е потребно. Поделете ги алиштата според видот на материјалот и бирајте соодветни циклуси и температура за нивно перење. Местете ја центрифгугата на помал број вртења, сушете на сенка, далеку од топлински извори. Ова важи посебно за алиштата во боја. Ако се директно изложени на сонце бојата може да избледи. Наш совет е секогаш да ги сушите алиштата надвор, кога условите дозволуваат, и на тој начин алиштата ќе добијат уште повеќе свеж мирис, а истовремено ќе ја заштедите потребната енергија за сушење на алиштата во сушара.

Добро е да се знае:

Поновите модели на машини за алишта се штедливи и во однос на енергијата и во однос на водата. Дознајте каква вода користите дома (тврда или мека). Така правилно ќе дозирате детергент и ќе избегнете непотребно трошење на истиот.

Наименување Детергент за нежни алишта во боја со мирис на сапун Алепо и Врбинка
Хемиски состав Меѓу 5 - 15% анјонски површински активни материи, нејонски површински алтивни материи. Помалку од 5% сапун
Тежина 1,25 л
Земја на потекло: Италија
Пакување Еко пластика
Рок на траење 6 години од датата на производство

Слични производи