×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органско воденично ’ржано брашно

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 191 ден.

’Ржаното брашно е произведено од ’рж кој е одгледан на органски ниви на кои не се употребуваат вештачки ѓубрива, пестициди и инсектициди. Вкусот на органското воденично брашно е лесно препознатлив, тој е полн и автентичен, а сето ова се должи на тоа што е се меле на камен, на воденица на стар традиционален начин. Овој вкус е препознатлив за старите воденичарски пекари. Органското воденично ’ржано брашно се добива од цело зрно, кое во себе ги содржи сите хранливи состојки, минерали и витамини, кои потекнуваат од лушпата на зрното на ’ржта.

’Ржаното интегрално брашно преставува одличен заштитник на организмот и значително го подобрува железото во крвта и тоа веднаш по неговото консумирање. Ова брашно е богато и со минерали, но е и одличен антиоксидант, бидејќи е производ од целото зрно на пченицата. Во исхраната се користи како подобрувач на вкусот и хранливоста на она што го готвите, но воедно од него можете да правите и леб, кифлички и други месени рецепти.

Употреба: За печење, за готвење, за поховање, како згуснувач за супи и сосови, за секојдневна употреба, како чисто ржано брашно или во сооднос со други брашна.

Наименување Органско воденично ‘ржано брашно
Земја на потекло: Македонија
Состојки 100% органско ‘ржано брашно, добиено со споро мелење на воденични камења
Тежина 1 кг
Пакување Картонска амбалажа
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 328 kcal / 1219 kJ
Масти: 2 гр
од кои заситени: 1 гр
Јаглехидрати 61 гр
од кои шеќери 13 гр
Протеини 10 гр
Сол 0,025 гр
Влакна 13 гр
Алергени: Содржи глутен