Промотивно во месец октомври - минимален износ на нарачка 500 ден.
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мортадела Gran Dama со заштитено географско потекло

Во кошничка имате 0 гр.
  • 820 ден.

Мортадела Болоња Гран Дама е направена од свинско месо, сертифицирана IGP (it. Indicazione geografica protetta - заштитена географска ознака) и е стар болоњски рецепт. Вкусот е сладок и избалансиран, без глутен и без додадени полифосфати. Мортаделата е одлична состојка за сендвичи, а веруваме и дека Ви доаѓа слатко кога ќе “украдете“ 1-2 мортаделчиња директно од фрижидер.

Толку е специфична и ароматична што веднаш ја препознавате. Типичниот мирис на Мортадела Болоња IGP е роден од комбинацијата на најдобри селекции на италијанско месо и мудро искуство на компаниите кои, по свој рецепт, комбинираат зачини и природни ароми во единствена и неповторлива мешавина.

Како се произведува?

Се прави почнувајќи само од избрани исечоци на свиња (како плешка и врат) кои се ситно сечкани и на кои се додаваат непогрешливите грутки од сало и мешавина од ароми и зачини.

Пред да се стави во специјални печки на пареа, добиената смеса се става во 100% природен мочен меур.

Откако ќе се подготви, мортаделата има интензивна розова боја, во која се истакнува зелената боја на ф'стаци и белата боја на грутки од сало.

Со мека, но компактна текстура во исто време, се карактеризира со веднаш препознатлива деликатна арома на непцето, што остава продолжено дејство.

 Нутриционистички вредности

Мортадела Болоња е производ кој е во согласност со диктатите на модерната наука за исхрана: 100 гр од мортаделата Болоња имаат околу 288 калории, помалку од чинија тестенини.

Понатаму, Мортадела Болоња има само 60-70 милиграми холестерол на 100 гр, како најдиетското бело месо. Внесот на холестерол е мал, а присуството на сол е ограничено.

Мортаделата содржи витамини Б1, Б2, ниацин.

Богата e со минерали како железо и цинк и, поради оваа причина, таа е идеална храна за оние на кои, извршувајќи одредена физичка активност, им треба точен внес на енергија.

Квалитетот постигнат при изборот на суровини и техники за преработка овозможува производство на мортадела која е особено прилагодена на потребите на денешниот потрошувач.

Наименување Свинска мортадела
Состојки Свинско месо, свинско маснотии, свински изнутрици, сол, сахароза, зачини, природни ароми, антиоксидантен натриум аскорбат, конзерванс Е250.
Земја на потекло: Италија
Пакување Хартиено пакување
Начин на чување Да се чува во фрижидер на темература од 2 - 6 ° C и да се конзумира во 2-3 дена
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 1147kJ/274kcal
Масти 22,4 гр
од кои заситени 7,71 гр
Јаглехидрати: 0,5 гр
од кои шеќери: 0,5 гр
Протеини 15,24 гр
Сол 2,8 гр
Количина цена на кг

Слични производи