×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Свежо јунешко мелено месо од бут

Во кошничка имате 0 гр.
  • 695 ден.

Мешаното јунешко месо е добиено од 70 % јунешки бут и 30 % јунешки пафлак, односно измешано само најдоброто јунешко. Притоа месото се меле 2 пати за да се добие посакуваната мекост и нежност во која вие можете да уживате. Јунешкото месо е здраво за човековиот организам, тоа изобилува со голем број на хранливи материи и состојки кои што го зајакнуваат организмот, а воедно ја подобруваат и крвната слика. Употребата на ова месо е широка, а од него се прават плескавици, бургери, ќофтиња, уштипци, но се користи и како состојка во голем број традиционални рецепти – како што е сармата, мусаката и полнетите пиперки.

Една од најважните работи за нашето јунешко месо е што е добиено од млади јунци, пасени на најдобрите пасишта во Македонија и одгледувани од најодговорните сточари во земјава. Тоа е внимателно избрано, а неговото производство е строго контролирано. Месото кое ние ви го носиме е секогаш свежо и со врвен квалитет.

Наименување Свежо мелено јунешко месо од бут
Пакување Стиропор и фолија
Земја на потекло: Македонија
Начин на чување Да се чува во фрижидер на температура од 0 - 4 °C; свеж производ - може да се замрзнува
Количина цена на кг
Одлично во комбинација со:

Слични производи