×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски суров ши путер

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 365 ден.

Органскиот шеа путер се прави од плодовите на шеа дрвото, познато и како дрво на животот. Ова дрво вирее во Африка, поточно Буркина Фасо. Неговите плодови се берат во месеците март и април, се сушат, а потоа и рачно се толчат, при што се добива шеа путерот. Како таков, путерот изобилува со големи количества на витамините А, Б, Е, и Ф, кои ја прават кожата помлада, поздрава и поубава.

Шеа путерот низ годините често се употребувал и од африканските жени како состојка за нега на кожата и состојка која ја прави кожата еластична. Тој игра и важна заштитна улога на кожата од сонцето и штетното влијание од сончевите зраци. 

Употреба: За козметички цели, се користи како путер за тело, самостојно или во комбинација со нерафинирано кокосово масло. Како природно козметичко средство може да се користи и како балсам за усни, како восок за коса, може да му се додаваат чисти етерични масла, или да се користи како хранлив додаток во други козметички производи.

Наименување Органски суров ши путер
Состојки Ши путер суров, органски, необработен, добиен од јатката на Африканското ши-дрво
Тежина: 150 гр
Земја на потекло Африка
Пакување: Тегла
Начин на чување Да се чува на ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата