×

Cart

Your cart is empty.




Италијанско Ризото
Блог Објавено на: 29.03.2022

Италијанско Ризото

Денес ќе пишам збор/два за италијанското рижото.

Рижото е класично италијанско јадење кое е елегантно но не е комплексно. Составено е од ориз со кратко или долго зрно, италијаните најчесто користат ориз од сортата “Карнароли” но не е погрешно доколку употребите “Арборио”. Овие два типа на ориз се најпогодни за ова јадење. 
Едноставноста на овој рецепт го прави да биде перфектен. Базично секое рижото се готви да биде кремаво но сепак да има структура. За готвење се користи бистра супа, малку бело вино, кромид, лук, путер и густината се добива со употреба на Пармезан или Грана Падано. Готвачите низ годините го преработиле на милион начини, па така денес можеме да сретнеме најразлични рецептури насловени како рижото. Убавината на секој рецепт е да се менува според сезоната и состојките. Во принцип ако размислуваме модерно и со отворен ум ќе сфатиме дека рецепти воопшто не постојат. Ние сме креатори на сопствениот рецепт - еден ист рецепт ако го дадете на 5 различни готвачи, ќе добиете 5 различни рижота, секое посебно на свој начин, оттука може да заклучиме дека секој готвач остава свој печат во секој рецепт. Пасијата, љубовта, посветеноста и праксата го прават секој рецепт различен.
Најбитно кај овие класици е да се користат квалитетни состојки. Само така може да добиете врвен финален продукт. Често велам дека не сум магионичар со слаб квалитет на состојки да можам да склопам врвно јадење. :)
Ова е накратко и општо запознавање со Рижото, во наредните текстови ќе имате можност да прочитате специфики и тајни на италијанската кујна. Сум пробал рижото зготвено од најголемите имиња во италијанската кујна и сум пробал рижото зготвено од наши готвачи, можам да кажам дека разликата е многу мала. Секогаш делам совет да бидете упорни и да експериментирате, без експеримент нема напредок!

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се