×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Фарма Гогови

Како што кажува и самото име, овој бизнис претставува долга и почитувана семејна традиција. Уште пред околу 300 години прадедото на сегашниот сопственик Никола Гогов, се сели од Галичица во Богданскиот регион по потрага по подобри пасишта за своето стадо овци. Оттогаш, ова семејство својот добиток го пасе на недопрената природа во југоисточниот дел од земјата.

Семејните рецепти за производство на млечни производи на ова семејство се стари скоро три века. Тие внимателно се пренесуваат од генрација на генерација, се усовршуваат, а резултат на сето тоа се квалитетните производи од „Фарма Гогови“, кои сега се достапни за вас.