×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Toschi

Компанијата Toschi е основана во 1945 година во Вињола (Модена). Во тој период основачите Џаннкарло и Ланфранко Тоски за прв пат ги потопиле познатите вишни Вињола во алкохол за да ги зачуваат и за да уживаат во текот на целата година.

Во текот на 65-годишното работење, компанијата енормно го зголемила својот асортиман на производи, така што нудат од овошје потопено во алкохол до ликери (Fragolì, Mirtillì, Nocino, Nocello, Lemoncello), од сирупи до полупреработени производи за производителите на слатки и сладолед, до IGP Aceto Balsamico di Modena.

Мисијата на Тоски Вињола е да понуди квалитетни производи на пазарот, истовремено почитувајќи ги традицијата и територијалните карактеристики.

Во 2000 година Тоски Вињола доби сертификација УНИ-ЕН-ИСО 9001: 2000.

Во 2006 година ја доби IFS сертификацијата за сите свои производи.