×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Cipriani Tartufi

Берба на тартуф е пред сè страст, професија, уметност што семејството Cipriani ја пренесува од генерација на генерација.

Од истражување и собирање на свежи тартуфи до создавање рафинирани кулинарски деликатеси, дизајнирани за да се донесе на масата вкусот на еден од најдобрите производи на земјата. Неговото величество, тартуф.

Cipriani Tartufi е италијанска компанија со долга историја позната во Италија како поим за квалитет и за внимание кое го посветуваат на своите производи. Приказна направена од страст и од искуство. Страст која се пренесува веќе 5 генарации. Искуство како наследство од животот посветен на истражување и собирање на најпрестижниот плод на земјата, тартуфот.

Cipriani Tartufi, не e само компанија, туку амбиција да се создаде реалност што ги комбинира квалитетот на занаетчиските методи со иновациите на најмодерните производствени и организациски процеси.