×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како функционира?

Домато е прв онлајн гурмет маркет: ги бира за тебе најдобрите земјоделски и Артисан производители за да можеш да пазаруваш квалитетни и домашни производи без да вложиш напор.

Можеш да купуваш како нерегистриран или регистриран купувач

Регистрирањето е бесплатно, внеси ја твојата е-пошта и лозинка или пак твоите податоци од Google. Потребни се неколку секунди за да станеш дел од големата онлјан заедница на Домато.

Избери ги производите што ги сакаш

Погледни ги сите категории од нашиот маркет и наполни ја твојата кошница. Можеш да бираш од сезонско свежо овошје и зеленчук, млечни производи, јајца, месо, сувомеснато, тестенини, леб и ориз, вино и многу други производи.

Минимален износ на нарачка 

 Минималниот износ за нарачка изнесува 500 ден.

Откриј ја нашата понуда

Избери го денот и временскиот термин за достава

Ти пазаруваш онлајн, ние ти ги носиме производите дома. Треба само да ни посочиш на кој ден и во кој временски интервал преферираш да ти биде доставена нарачката. Вечерта пред доставата ќе ти испратиме порака на твојата е-пошта во која ќе биде посочено приближното време на испорака (интервал од 60 минути), за да можеш да се организираш и да ја примиш нарачката. 

Како да го избереш денот за достава 

Од календарот во горниот дел на главната страница избери го денот и временскиот термин и потоа почни да купуваш. Доколку не избереш ден ќе ти ја доставиме нарачката во првиот слободен ден и термин.

Цена на достава

Ако избереш стандарден интервал, доставата е гратис. Во спротивно можеш да избереш премиум интервал, кој се доплаќа. Премиум интервалите се гратис за нарачки над 2.500 ден.

Плати на сигурен начин

Можеш да ја платиш твојата нарачка со кредитна или со дебитна картича. 

Нашата гаранција

Домато користи CaSys International, сертифициран и безбеден начин за плаќања со платежни картички. 

Прими ја твојата нарачка

Производите пристигнуваат во твојот дом на денот и во временскиот интервал кои ги имаш избрано. Ти преостанува да ја отвориш кутијата и да ги вкусиш сите свежи и деликатесни производи од нашиот маркет.

Брзи и доверливи

Ја доставуваме твојата нарачка за помалку од 24 часа. Доколку не си достапен можеш да побараш од нас да ја оставиме пред твојата врата.

Дали си задоволен или да се рефундира нарачката

Задоволен си од твоето искуство со Домато? Сподели ни го позитивниот фидбек. Не си задоволен? Нашиот оддел за грижа за корисници е секогаш тука за тебе и спремен да го реши проблемот.

Твоите очекувања се важни за нас 

Во Домато работиме секој ден за да можеме да ти понудиме производи со највисок квалитет во најбрз можен рок, во согласност со нашата политика за достава на секогаш свежи производи со краток синџир на достава и на складирање.