×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




La Molisana

Ла Молисана претставува прекрасна семејна приказна за една од најдобрите и најголемите фабрики за производство на тестенини во Италија. Можеби зборуваме за големо производство, но рецептот за овие тестенини останува во суштината на оваа приказна. Начинот на создавање на тестенините се пренесува стотина години, од генерација до генерација и во него се крие оригиналниот италијански вкус на тестетнините.

Ла Молисана користи само италијанско брашно и пченица за подготовка на тестенините, што им дава автентичен и оригинален вкус. Го потенциравме италијанското брашно бидејќи тоа има повисок квалитет и поголеми нутритивни вредности од останатите брашна, а со тоа се зголемува и квалитетот на производите. Ла Молисана има мрежа од преку 1893 земјоделци на пченица, од кои ја откупува пченицата и го прави брашното. Понатаму брашното се меле на воденица, се обработува од мајсторите за тестенини на Ла Молисана, а тестенините се прават во бронзени калапи кои ѝ ја даваат препознатливата груба структура на пастата на која полесно се задржуваат вкусовите кои вие им ги додавате.