×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Услови за користење

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДОМАТО.МК

Веб-страницата www.domato.mk и мобилната апликација Домато.МК (во понатамошниот текст „веб-страница/апп“) се во сопственост на ДОМАТО.МК ДОО, со седиште во Скопје на ул. Ѓорче Петров бр.1 зграда Б1 – Ѓорче Петров, Скопје. Веб-страницата/апп се дизајнирани, изработени и управувани од страна на Домато.мк ДОО. Со самиот пристап и користење на www.domato.mk како и на мобилната апликација Домато.мк вие ги прифаќате условите наведени во оваа политика и услови за користење на системот за електронска трговија (политика и услови за користење).

Домато.мк ДОО го задржува правото на промена на оваа Политика и услови за користење, за што соодветно ќе бидете известени.

Домато.мк Доо Ве советува, како корисник на веб-страницата/апп (во понатамошниот текст „корисникот“) пред да започнете со користење на веб-страницата/апп внимателно да ги прочитате политиката и условите за користење, бидејќи со користење на веб-страницата/апп вие се согласувате со политиката и условите за користење.

Доколку не ги прифаќате и не се согласувате со правилата и условите за користење, известувањата или изјавите за ограничување на одговорноста објавени на веб-страницата/апп, Ве молиме да не ја користите веб-страницата/апп ниту пак услугите кои ги нуди Домато.мк.

Значење на одделните поими:

Корисник – секој корисник кој ги користи услугите на веб-страницата/апп.

Корисник посетител  корисник кој само ја прегледува веб-страницата/апп или ги користи функциите или услугите ставени на располагање за општи корисници без да се регистрираат на веб-страницата/апп.

Регистриран корисник корисник кој се регистрирал со обезбедување на лични податоци за да добие пристап за употреба на услугите достапни само со регистрација на веб-страницата/апп.

Производи – производи што се нудат/продаваат на веб-страницата/апп за потрошувачите/клиентите.

Производители – компании, занаетчии, земјоделски производи или подружници чии производи се продаваат на веб-страницата/апп.

Услуги – услугите и сите функции поврзани со нив, кои им се нудат на корисниците на Домато.мк, бесплатно или за одреден надоместок.  

Веб страница/апп веб-страницата на која се пристапува и е достапна на www.domato.mk, интернет адреси, имиња на домени и софтверот за апликацијата која овозможува употреба на услугите, кои Домато.мк ги контролира или ги управува.

За појаснување, секое упатување на „веб-страницата/апп“ кои се содржани во овие правила и услови за користење ги вклучува сите тековни и идни верзии на веб-страницата на www.domato.mk, како и секоја мобилна апликација преку која се пристапува до страницата и до услугите на Домато.мк.

Компанија – Домато.мк Доо

Минимална нарачка – нарачка со минимален праг од 1.000 денари, кој треба да се достигне во рамки на една нарачка/испорака за да може да се изврши купување преку веб-страницата/апп. Овој праг се пресметува како вкупна вредност на производите ставени во кошничката.

Домато.мк Доо на посетителите на веб-страницата/апп им овозможува:

Да ги прегледуваат производите, кои што можат да се купат преку веб-страницата/апп;

Да ги изберат производите што имаат намера да ги купат, а притоа се достапни за купување;

Да ја користат услугата за достава на производите до дома;

Да извршат електронско плаќање;

Услугите на веб-страницата/апп на Домато.мк Доо можете да ги користите со регистрирање на веб-страницата/апп како регистриран корисник или без регистрација, како корисник посетител.

Доколку сакате да ги користите услугите на Домато.мк како регистриран корисник, потребно е преку полето „регистрација“ да се најавите со постоечка е-пошта и со лозинка и да создадете своја лична сметка.

По регистрацијата, пристапот до веб-страницата/апп ви е овозможен со употреба на корисничко име и лозинка или со алатката „најава преку профил на социјалните мрежи“

Домато.мк го задржува правото да ги избрише сите кориснички профили кои се регистрирани со непостоечки електронски адреси.

3. ВОЗРАСТ И МЕСТО НА ИСПОРАКА

Веб-страницата/апп и понудените услуги се наменети исклучиво за корисници кои живеат на македонска територија и имаат наполнето 18 (осумнаесет) години.

Корисникот кој има намера да се регистрира или да ги користи услугите на Домато.мк како корисник гарантира дека е на возраст од 18 години и личните податоци што се дадени се точни, ажурирани, се однесуваат на лицето кое ги дало или ги дава со согласност на трето лице, преземајќи ја целата одговорност за исправноста и вистинитоста на дадените податоци. Доколку има какви било промени во податоците обезбедени од корисниците, истите се одговорни за известување на компанијата, како и да се изврши нивно ажурирање.

4. КРЕИРАЊЕ НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Посетата на веб-страницата/апп и користењето на услугата понудена во рамки на веб-страницата/апп се достапни бесплатно за регистрираните корисници и за корисниците посетители.

Компанијата го задржува правото да дозволи, дури и само привремено, на корисниците посетители да им овозможи користење на услуги и пристап до одредени поволности што вообичаено се резервирани исклучиво за регистрираните корисници.

За целосна употреба на услугите кои се нудат на веб-страницата/апп, потребно е регистрација на веб-страницата/апп.

4.1. Како да се регистрирате на веб-страницата/апп

За да ги користи наведените услуги односно да се изврши купување на производите, од корисникот се бара да се регистрира со давање на некои лични информации (во натамошниот текст „регистрација“), како што се валидна лична е-пошта и креирање на своја лична сметка (во натамошниот текст: „профил“), следејќи ја соодветната постапка за регистрација, за да и овозможи на компанијата да има доволно информации за да му ги овозможи услугите на корисникот.

Пристапот до страницата е дозволен само преку употреба на корисничко име и лозинка или со алатки како што се „најава со профил од социјалните мрежи“.

Регистрираниот корисник може во секое време да пристапи до својот профил за да ги ажурира или за да ги промени внесените податоци, вклучително и информациите што се однесуваат на неговите преференции. Регистрираниот корисник ќе биде единствено одговорен за вистинитоста и ажурирањето на таквите информации.

Во случај корисникот да не ја заврши постапката за регистрација или автентикација по давање на е-пошта и/или други податоци потребни за регистрација, корисникот може да добие ограничен број на повикувања, што ќе го поканат да го заврши процесот на регистрација и ќе ја опишат постапката за регистрација, без да се наруши правото на корисникот да ги избрише своите податоци и да го деактивира својот профил од веб-страницата/апп со испраќање на порака на domato@domato.mk со предмет „барање за откажување“.

4.2. Е-пошта

Регистрираниот корисник се обврзува да обезбеди лична е-пошта, за која гарантира дека е негова и на која редовно пристапува. Регистрираниот корисник исто така се обврзува навремено да ја ажурира својата е-адреса регистрирана на профилот во случај на промена. Профилите регистрирани со адресата за е-пошта што припаѓаат на други лица освен на регистрираниот корисник, Домато.мк може да ги избрише без претходна најава. Домато.мк исто така го задржува правото да ги проверува индивидуалните адреси за кои има причина да верува дека се невалидни.

4.3. Деактивирање на профилот

Во секое време, регистрираните корисници можат да го деактивираат својот профил со пристап до делот „профил“ на веб-страницата/апп, кликнување на „профил“, а потоа на „деактивирај профил“.

5. ПРОИЗВОДИ

5.1. Понуда за јавноста

Сите производи и цените наведени на веб-страницата/апп претставуваат понуда за јавноста.

5.2. Фотографии и видеозаписи

Палетата на понудени производи на веб-страницата/апп се прикажани со илустративни фотографии и истите се само репрезентативни и имаат единстевна цел да ги претстават производите. Домато.мк не сноси одговорност и не дава никаква гаранција во однос на идентичноста на производите објавени на веб-страницата/апп и на испорачаните производи.

5.3. Производи со променлива тежина

Производи со променлива тежина (на пример, овошје, зеленчук, месо, риба, производи од гастрономијата и сирења) се нудат на веб-страницата/апп во гарантирани минимални големини и тежини.

Во случај купените производи да вклучуваат еден или повеќе од овие производи со променлива тежина, компанијата ќе ја примени цената пресметана за време на нарачката, без никакво зголемување или намалувања на цените.

5.4. Цена

Сите цени вклучуваат ДДВ. Трошоците за испорака не се вклучени во цената на производите, освен ако не е јасно наведено.

6. УСЛУГИ

Услугата што Домато.мк им ја нуди на регистрираните корисници им овозможува:

прегледување на производите што можат да се купат преку веб-страницата/апп;

избор на производите што корисникот има намера да ги нарача и да ги купи;

избор меѓу два различни начини на обезбедување на услугата:

· повремено, тоа е да ги купите производите еднократно според вашите потреби и барања, без регистрација на кориснички профил („услуга за купување без претплата“),

· континуирано, односно со нарачка на производите, според креираната листа на производи која може да се дополнува („услуга за претплата“);

да ја платат сумата што ја должат за купување на производите понудени на веб-страницата/апп;

да ја користат услугата за испорака на производите до адресата за испорака означена од страна на корисникот.

7. УСЛУГА ЗА НАРАЧКА

Откако регистрираниот корисник ќе се регистрира на веб-страницата/апп, регистрираниот корисник ќе може да ги купи производите, истовремено со можност да ја дополнува истата во текот на целиот ден.

7.1. Набавка на производи

Регистрираниот корисник, со регистрирање на веб-страницата/апп, може да избере место, време и датум за испорака на нарачката, како и да ги прегледа сите производи достапни за купување, избирајќи ги оние што се од негов интерес и додавајќи ги во кошничката.

Штом ќе се достигне минималниот износ на нарачка, регистрираниот корисник може:

1. да ги провери производите додадени во кошничката;

2. да ги потврди информациите за испорака и наплата;

3. да го избере времето за испорака;

4. да изберете начин на плаќање;

5. да продолжи со купување со кликнување на „плати со кредитна картичка“. Во случај на последователен неуспех при процесот на плаќање, нарачката ќе биде неважечка и веднаш ќе биде откажана.

Исто така, корисникот ќе има право да ја дополнува креираната нарачка со дополнителни производи, најдоцна до 21:00 часот на денот пред испораката.

7.2 Прифаќање на нарачка

Прифаќањето на налогот за набавка од страна на Компанијата повлекува непосредно одземање на износот на средства од кредитната картичка на корисникот.

По прифаќањето на нарачката, клиентот ќе добие потврда по електронска пошта за набавката со експресно назначување на нарачаните производи и цените, датумот и времето на испорака и општите и посебните услови што се применуваат.

7.3. Услови на плаќање

Кредитна картичка

За да се обезбеди максимална безбедност, клиентот ќе ја изврши трансакцијата за плаќање директно на безбедниот сервер на давателот на услугата на системот за плаќање. Податоците за плаќање преку кредитни картички се обработуваат директно од давателот на услугата на системот за плаќање, како што е наведено во неговата политика за приватност.

ВНИМАНИЕ

Со завршувањето на нарачката за купување, клиентот:

а) гарантира достапност на сумата неопходна за плаќање на производите нарачани преку услугата за единствено трошење;

б) може да одлучи дали експресно да ги овласти компанијата или трети лица овластени од неа да ја задржат идентификацијата на кредитната картичка на нивните системи.

7.4. Наплата

По извршување на плаќањето, корисникот ќе може да побара фактура од компанијата со избирање на соодветно поле за време на нарачката и внесување на податоците за плаќање, вклучувајќи матичен број, даночен код и/или ДДВ-број. Клиентот за единечна потрошувачка е одговорен за правилно внесување на податоците за наплата и е експресно информиран дека доколку не ја побара фактурата за време на нарачката, нема да може да се побара подоцна.

Со пополнување на нарачката за купување и барањето за достава на фактура, клиентот ја овластува компанијата да направи потврда/фактура за набавка која ќе биде доставена со нарачката.

8. ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ

8.1. Начин на испорака

Компанијата ќе организира испорака на производите на наведената адреса со сопствена достава. Услугата за испорака е загарантирана само за адреси кои се наоѓаат на територија на градот Скопје.

За останатите градови, доставата се врши со надворешни компании за достава.

Компанијата ги испорачува производите само во областите наведени во делот „најчесто поставувани прашања“. Производите ќе бидат испорачани на денот и во временскиот период избрани од страна на клиентот.

8.2. Поплаки

За какви било недостатоци кои се однесуваат на производите, освен оние што се должат на нормална промена во изгледот на прехранбените производи или на несовршеноста на амбалажата, корисникот може да ја контактира компанијата на е-адресата domato@domato.mk или преку полето „контактирајте нè“, кое е дел од веб-страницата/апп, со специфицирање на откриените недостатоци и нивно документирање.

8.3. Неможност за испорака

Клиентот потврдува и прифаќа дека во случај на неможност за испорака на производите поради негово отсуство во моментот на испораката, на местото, денот и во договорениот временски период означени за испорака од негова страна, нарачката нема да биде испорачана, а уплатениот износ нема да му биде вратен на клиентот.

8.4. Одговорност

Компанијата се обврзува да ги извршува услугите за достава на производите со добра волја и да ги исполни или да се осигура дека тие се исполнети, со најголемо внимание.

Компанијата нема да биде одговорна за какви било доцнења што се случуваат за време на транспортот, а кои се предизвикани од непредвидени околности или поради надворешни фактори.

9. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКАТА

9.1. Случаи на исклучување на правото на откажување

Клиентот може да ја откаже нарачката во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, доколку постојат оправдани причини за истото.

Клиентот може да ја откаже нарачката доколку истото го пријави во рок од 24 часа по прием на истата, но не подоцна од денот на истекот на периодот за употреба на производот.

Правото на откажување не е дозволено во случај на:

1. Производи купени од клиент кој бара дополнително да му биде издадена фактура;

2. Производи што веројатно ќе се расипат или имаат краток рок на траење;

3. Запечатена стока што не може да се врати од хигиенски причини или се однесува на здравствена заштита и е отворена по нејзиното доставување.

Во врска со случаите на исклучување на правото на повлекување наведени погоре, клиентот, особено, е информиран и прифаќа дека производите што „веројатно ќе се расипат или имаат краток рок на траење“ ги вклучуваат сите прехранбени производи, кои се предмет на промена и како резултат на несоодветно складирање. Затоа, од хигиенски причини и поради заштита на корисниците, правото на повлекување е применливо само за производи купени на веб-страницата/апп што можат да бидат вратени на Домато.мк, неотпакувани, во нивната оригинална амбалажа и повторно пуштени на пазарот без да се загрози здравјето на потрошувачите.

9.2 Остварување на правото на повлекување

Клиентот може да го искористи правото на откажување во врска со специфични производи, освен оние наведени во став 10.1 погоре, под услов истите, по испораката, да не се отворени.

Во случаи кога е дозволено остварување на правото на откажување на нарачката, клиентот има право да се откаже од договорот за набавка од која било причина.

За да го искористи правото на повлекување, клиентот мора да му испрати на Домато.мк писмено барање, по е-пошта, на следната е-адреса: domato@domato.mk со предмет „известување за откажување“ и:

1. приложување на образецот;

2. изречно изјавувајќи ја нивната волја за повлекување и обезбедување на следниве дополнителни информации:

3. број и датум на нарачка;

4. датум на испорака на нарачката за набавка;

5. името и адресата на клиентот;

6. назнака за е-пошта и телефонски број на клиентот;

7. шифра/име на производите/нарачката за кои треба да се изврши откажување.

Правото на откажување се однесува на целиот производ; затоа, доколку производот е составен од повеќе компоненти или делови, правото на повлекување не може да се оствари само на дел од купениот производ.

По добивање на пораката за остварување на правото на откажување, Домато.мк ќе отвори налог за поврат и ќе му ги соопшти на корисникот условите и ќе му даде насоки за враќање на производите, што ќе се одвива на начин утврден  од Домато.мк.

Во случај на искористување на правото на откажување, Домато.мк ќе му го врати на корисникот целиот износ на средства, во рок од 14 дена од денот на приемот на известувањето за откажување.

10. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

Корисникот се обврзува да не ја користи веб-страницата/апп и/или сродните услуги за нелегални цели или за цели што не се опфатени со политиките и условите за користење. Корисникот не може да ја користи веб-страницата/апп или сродни услуги на таков начин што може да ја оштети или поинаку да ја наруши работата на веб-страницата/апп или да попречи во користењето на веб-страницата/апп и на поврзаните услуги од други корисници.

Регистрираниот корисник треба да ги чува податоците за пристап до неговиот профил и истиот е одговорен за секоја употреба на веб-страницата/апп што ја прави секој што пристапува користејќи ги неговите кориснички информации.

11. ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТА

Компанијата се обврзува да ги имплементира правилата во врска со ладниот синџир (каде што е потребен, како на пример за месото) и главно, стандардите за квалитет во врска со производите само до времето на испорака на местото наведено од страна на клиентот; секоја одговорност во врска со лошата состојба на производите поради неправилно складирање по испораката е исклучена.

Компанијата ја отфрла целата одговорност за информациите, податоците и сите технички или други неточни информации што можат да бидат содржани на веб-страницата/апп.

Компанијата ја отфрла целата одговорност за информациите обезбедени/стекнати директно од индивидуалните производители.

Какви било спорови во врска со извршувањето на услугата може да се покренат, под присила за губење на правото на истите, во рок од 48 (четириесет и осум) часа по доставата, по писмен пат, со доставување на порака на domatp@domato.mk или преку делот „контактирајте нè“, со соодветна документација за спорниот производ.

Компанијата нема да одговара за каква било штета што произлегува од недостапноста на услугите што произлегуваат од проблеми поврзани со мрежата или од проблеми со телефонските врски над кои нема контрола, а до кои дошло поради дефект и/или неисправно функционирање на електронската опрема на корисникот или доставувачите на компанијата.

Компанијата не презема никаква одговорност за содржината креирана или објавена на „трети“ страници со кои веб-страницата/апп има хипертекст врска.

Корисникот кој ќе одлучи да посети веб-страница поврзана со веб-страницата/апп, тоа го прави на сопствен ризик, преземајќи го товарот за преземање на сите потребни мерки против вируси или други грешки во софтверот.

Регистрираниот корисник потврдува и прифаќа дека не секогаш сите производи наведени во нарачката која е прифатена од компанијата можат да бидат и ќе бидат испорачани. Во овој случај, компанијата веднаш ќе ги надомести износите кои се платени во врска со нарачаните производи кои не се испорачани, и не може да биде одговорен за каква било понатамошна загуба и/или штета претрпена како резултат на недоставување на истите.

За секоја доставена нарачка, Домато.мк ќе издаде потврда или во случај на експлицитно барање како што е наведено во ставовите 7.4. или 8.5. ќе достави електронска фактура.

Податоците обезбедени од регистрираниот корисник за време на нарачката ќе бидат вклучени во соодветната потврда/фактура, поради што промени по издавањето на самата потврда/фактура нема да бидат можни.

12. ОТКАЖУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ И ПРЕСТАНОК НА ДЕЈНОСТА

Компанијата го задржува правото да го избрише корисничкиот профил и/или да не му дозволи на корисникот пристап и употреба на веб-страницата/апп и услугите или дел од истите, во кое било време и со непосреден ефект, во случај на повреда од страна на корисникот на неговите/нејзините обврски според претходните членови 4.1. (Како да се регистрирате на веб-страницата/апп), 7.3. (Начини на плаќање), 8.4 (Начини на плаќање) и 12 (Обврски на корисникот). Во однос на овие корисници, Домато.мк е овластен без претходна најава да ги откаже нарачките што се направени а сè уште не се доставени.

Пристапот до веб-страницата/апп може исто така да биде привремено прекинат во случај на технички проблеми. Ваквите прекини ќе бидат соопштени доколку е можно на веб-страницата/апп.

Во секое време, компанијата може да направи подобрувања и/или измени на веб-страницата/апп и на услугите доколку тоа е потребно од технички причини или со цел да се усогласат со тековното законодавство.

Компанијата исто така го задржува правото да престане, целосно или делумно, со давањето на услугите во кое било време и со разумно известување, овозможувајќи испорака на потврдените нарачки. Во такви случаи, компанијата веднаш ќе ги извести регистрираните корисници и клиенти и/или корисниците воопшто, преку е-пошта и/или преку известување на веб-страницата/апп.

13. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Компанијата го задржува правото да бара дополнителни информации од клиентот или да бара тој да испрати копии од документи кои ја демонстрираат сопственоста на користените наплатни инструменти (платежни картички).

Во никој случај компанијата не може да биде одговорна за какво било лажно користење на кредитни картички од трети лица при плаќање на производи купени на веб-страницата/апп.

14. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Компанијата ќе ги обработува личните податоци на корисниците во согласност со Законот за заштита на лични податоци, политиката за приватност, детално дефинирана во информациите за обработка на лични податоци, достапна во соодветниот дел на веб-страницата/апп.

Заштита на личните податоци на корисниците на картички

Компанијата ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други законски утврдени потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-пошта и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Компанијата не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

Заштита на доверливите податоци и информации

Компанијата ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Компанијата користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација меѓу серверот на компанијата и посетителот/корисникот е енкриптирана. Комапниајта во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или кој било друг податок од вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

15. ПРИМЕНЛИВО ЗАКОНОДАВСТВО И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

15.1. Применлив закон

Оваа политика и услови за користење, вклучително и документите наведени во нив и другите правни известувања објавени на веб-страницата/апп и главно, односите меѓу компанијата и корисниците на веб-страницата/апп се уредуваат во согласност со позитивните прописи и македонското закондавство кои важат на територијата на РСМ во периодот на склучување на Договорот.

15.2. Решавање на спорови

Сите спорови поврзани со употребата на веб-страницата/апп и услугите предвидени со нив, кои страните нема да ги решат спогодбено, ќе бидат предмет на надлежност на Основниот граѓански суд во Скопје.

16. Политика за користење на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб-страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб-страниците кои ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.   

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб-страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

За техничко функционирање на веб-страницата;

За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;

За да ги запомниме вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;

За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб-страница.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме некои податоци од вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб-страницата на АЗЛП сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.

Kога ја посетувате нашата веб-страница користиме, услуга од трета страна Google Analytics за да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на сите посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб-страница.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб-страницата, но истите би ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или да ги блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да ги прилагодите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб-страница, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.