×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Винарија Захарчев

Природата во шише!

Тиквешкиот регион како колевка на лозарството и на винарството во нејзината крошна, ја одгледа и ја израсна нашата семејна винарија Захарчев. Колку и да зборуваме за приказните од Тиквешот, за виното, за мирисот на тазе набрано кратошија / вранец, прокупец, пловдина, станушина или темјаника, песната на аргатите, шумот на лозовите насади од топлото ветре кое пирка и за време на бербата и љубовта, ах таа жива материја, таа е во виното, таа е во секоја чаша, во секоја голтка. Таа трае, таа не згаснува. Еднаш разгорува и распламтува, потоа само трае. Таква е. Те остава да ја имаш. Не ти дозволува да замине. Те држи. Те чувствува. Еднаш кога ќе ја отвориш приказната од шише, секое следно е само надополнување. Нашата семејна винарија Захарчев е мала бутик винарија која се наоѓа во Кавадарци. Винаријата е насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за Балканот и кои се речиси пред изумирање. Годишното производство на вино е околу 7 000 шишиња.

Отвори ја и ти приказната од шише!

Семејна Винарија Захарчев