×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Фармата на Тони

Со многу труд, љубов и желба овој мал семеен бизнис започнал со работа во 2014 година. Фармата на Тони сега се протега на повеќе од 7 000 хектари надвор од централното градско подрачје во близина на населбата Идризово. Во фармата досега се одгледани преку половина милион пилиња, кои живеат во исклучиво природни услови, се хранат со еколошки чиста храна, која потекнува од македонските полиња, која е здрава, и која е без додатоци. Сопствениците на оваа фарма веруваат во домашно одгледани призводи кои готвењето го претвораат во посебен настан, каде што имагинацијата и љубовта заедно танцуваат и создаваат оброци кои мамат уживање и насмевки.