ЗОШТО WINNI’S?
САКАМ ЕКО.
ПРАВАМ ЕКО. ПАКУВАЊЕ ОД РЕЦИКЛИРАНА ПЛАСТИКА.
ПЕРАМ ЕКО. ХИПОАЛЕРГЕН, ТЕСТИРАН ЗА НИКЕЛ, ХРОМ И КОБАЛТ.
САКАМ WINNI’S СО СУРОВИНИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО.
ЕДИНСТВЕН, ЕФИКАСЕН И ПАРФЕМИТЕ СЕ БИОРАЗГРАДЛИВИ.
ПЕРЕ И ЧИСТИ, И НЀ ЧИНИ МНОГУ.
ГО БИРАМ WINNI’S ЗАШТО ИДНИНАТА Е САМО ЕКО, ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ, ЗА НАШИТЕ ДЕЦА.
ФАЛА ТИ WINNI’S ЗА ПОЧИСТИОТ СВЕТ И ОДНАТРЕ И ОДНАДВОР, ВО СЕКОЈА СМИСЛА.
Нашите производи се составени од состојки од растително потекло и се биоразградливи. Суровините што ги составуваат брзо и целосно се распаѓаат во околината без да загадуваат. Тие се тестираат за да се ограничи појавата на алергиски реакции и да бидат нежни за кожата. Целиот процес на производство нема штетно влијание врз животната средина, бидејќи користиме енергија само од обновливи извори и сме посветени на намалување на пластичниот отпад преку селективно собирање на пластиката и употреба на истата во секое пакување.
Принципи:
1. Одржливост на животната средина
Сакамe да ѝ го вратиме на природата она што постојано ѝ го земаме. Ги заменуваме суровините од хемиско потекло со природни. Во производството користиме обновливи извори и ги намалуваме штетните емиcии. Нашите производи си одговараат со природата однадвор и однатре.
- Пакувања
Создаваме високо концентрирани производи што траат. Читајте ги нашите упатства на задната страна на шишињата, не сакаме да се предозирате и непотребно да го трошите производот.
Пластиката што ја користиме е рециклирана, а за некои производи ја користиме и истата од веќе искористените производи. Први во Италија ги понудивме еко рефил пакувањата, односно производи за повеќекратно надополнување на истото шише ослободувајќи се така од 80 % вишок на пластика. Понудивме заштеда за потрошувачите и заштита за средината.
- Процеси на производство
Се наоѓаме во Котињола, Равена. Едно мало место во кое е сместена компанија која ниту од далеку не е толку мала, напротив компанија на која големи корпорации може да ѝ позавидат од многу аспекти. Развојно ниво и одржливост како начелни правила, интегритет и огромна доза на страст типична за итлијанските фамилијарни бизниси.
- Суровини
Секој производ е составен од прочистена вода, „активни“ компоненти и парфем.
Некои од нашите состојки се кокос, шеќер, цикорија или пченица и тоа само од растително потекло, а најважно е дека се биоразградливи и до 90 % ослободени во природата се безопасни. Нашите производи содржат и парфеми кои не се алергени.
- Готови производи
Ние тестираме за да се осигураме дека производите не се токсични за алгите, рибите и целата водна средина и дека се разградуваат многу брзо. Ова не се стандардни или законски тестови, туку скапи практики што доброволно си ги наметнавме за да се осигураме дека производите што ги нудиме имаат намалено влијание врз животната средина.
- Тест за безбедност
Winni’s не тестира и никогаш не ги тестирал своите производи врз животни. Ние ригорозно извршуваме само алтернативни тестови за да ја процениме безбедноста на нашите производи
2. Општествена одговорност
Искреноста е вредност за нас, така што и комуникацијата со нашите потрошувачи се одвива на јасен, разбирлив и директен начин. Ние внимателно избираме состојки од растително и минерално потекло кои се помалку токсични за домовите и за здравјето на оние кои ги користат.
3. Економска одржливост
Квалитетот што го даваме е оној на најдобрите традиционални производи, поради што секојдневно се споредуваме со овие производи, преку точни тестови за оценување во нашите лаборатории. За разлика од другите производи, ние избираме да ја почитуваме природата, по достапни цени за потрошувачите. Затоа во супермаркетите можете да ги најдете нашите производи со највисок квалитет и ефикасност по прифатлива цена, но од растително и од природно потекло.