×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Винарија Пешков

Семејната винарија Пешков е семејна винарија, отворена во 2020 година. Иако е млада, зад неа стојат сопственици кои долго време се занимаваат со производство на вино и работат со силна посветеност и љубов. Целта на сопствениците, како големи љубители на природата е да ја преточат токму природата во природно органско вино. Затоа и производството на вино е под целосна контрола на семејството. Од одгледувањето на квалитетно грозје, па сè до крајната фаза, односно преработката на грозјето во вино и следењето на целиот процес, е под надлежност на Петре Пешков, дипломиран енолог и носител на семејниот бизнис. Заштитен знак на винаријата Пешков и симбол на нивната посветеност е органското бело вино Фариш, кое е единственото сертифицирано органско бело вино во нашата држава. Покрај Фариш од Пешков се горди и на својата темјаника, смедеревка и вранец.