×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Папас Фуд

Папас фуд, е семеен бизнис од Охрид кој е основан во блиската 2018 година, но традицијата на нивните производи е долга и богата. Нивната приказна почнува како хоби за подготовкана макала само за туристите кои доаѓале во Охрид, но полека прераснува во мал бизнис на кој целото семејство е длабоко посветено. Папас фуд произведуваат препознатливи за овие краишта губи, тарана и макало од македонски лук. Инаку името на бизнисот Папас фуд, потекнува од ќерката на сопственикот, на која омиленo и било токму „макалото на тато“. Рецептите за производите на Папас фуд потекнуваат од охридскиот регион, односно од Трпејца, и тие се стари со векови, пренесувани од генерација на генерација, а Папас фуд се погрижиле истите да ги пренесат и на сите љубители на ваквите деликатеси.