×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Европа

Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании не само кај нас, туку и на Балканот. Европа своите почетоци ги прави како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. За разлика оттогаш, денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите доволно говорат сертификатите за исполнување на високите стандарди.

„Европа“ е секогаш во чекор со интересите на своите купувачи и постојано работи на нови продукти, но и редизајнирање и усовршување на веќе постоечките.

Уживајте во вкусот кој ги преминува границите и ги надминува вашите очекувања.