×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Винарија Јаковлевски

„Винаријата Јаковлевски“ најдобро би се опишала преку нивната филозофија, која вели: „Дедото Јаковлевски ја засадил првата винова лоза, синот започнал да го создава виното, а внукот открил зошто тоа се прави“. Инаку Винаријата Јаковлевски е традиционална винарија која започнува со производство на вино и на ракија од сопствени лозови насади во 1975 година. Пред десетина години, односно во 2009 година оваа винарија го зголемува својот капацитет и палетата на производи со дополнителен избор на вина. Денеска оваа винарија е препознатлива по висококвалитетната сорта вранец, но и поавтохтоните македонски сорти на станушина и темјаника, како и светски познатата сортана каберне совињон.