×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Наша Бавча

Почнавме пред дваесет години, денес имаме преку триесетина автохтони сорти на зеленчук и овошје. Нашето секојдневие е рутина од будење рано наутро и многу часови работа во нашата бавча.

Доцна навечер, уморни но презадоволни од родот, китиме магдонос што утредента кај вас на трпеза ќе ги зачини пиперките во оцет и лук. Нашиот јабучар е старо семе, сеуште го има мирисот што го памтите од детството.

Нашата приказна почна со мисла да произведеме традиционално добри македонски зеленчуци. Нема голема мистерија или тајна за нашата успешност, го сакаме градинарсвото, ја почитуваме земјата што ни дава род, ги третираме насадите со природни препарати.