×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




D'Amico

Компанијата е основана во 1968 година, од страна на браќата Франческо и Марио Д'Амико.

Д & Д Италија е една од водечките компании во Италија специјализирана за производство на конзервирана храна.

Најпрво тие се занимавале со производство на специјалитетот „Аншои од брегот Амалфи“, но во раните 70 години тие почнале да се развиваат и на пазарот за зеленчук, печурки и за маслинки.

Денес нивната основна дејност опфаќа: зачини, кисели краставички, маслинки, зачини за ориз, готови сосови, песта и кремови, мешунки и житарки; конвенционални и органски.

D'Amico е препознатлив по високите стандарди за квалитет во процесите и услугите во производството, што се спроведува во модерните погони на Понтекањано Фајано и Роверото, исто така и по внимателниот избор на суровини, постојаната потрага по нови производи и иновативни методи на обработка, технолошки напредни системи за производство, помош и посветеност на клиентите.

Производите на D’Amico се извезуваат во: Европа, Канада, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Австралија и Кина.

D'Amico, синоним на италијанска гаранција, во светот.