×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ, ДОСТАВЕНИ ДО ВАШИОТ ДОМ.

Нашата мисија е да ги донесеме најдобрите производи во домот на купувачите кои посакуваат квалитет, автентичност и традиција во сите состојки со кои се подготвени.

Производите на Domato.mk се од познати домашни брендови, но има и такви за кои прв пат ќе чуете, но лесно ќе ги запаметите, благодарение на квалитетот кој го поседуваат. Покрај македонските, ќе пронајдете и одлична селекција на деликатеси од реномирани странски производители со акцент на италијанските вкусови.


ПАЗАРУВАЊЕТО
Е ПОДОБРО

Сакаме да го промениме значењето на зборот “пазарување”, во ново доживување и искуство кое ќе биде уникатно за секој од вас. Во нашите производи се кријат различни приказни, кои сакаме да ви ги раскажеме, но и да ве запознаеме со нивните производители и богатата историја, која ја имаат.


МОЖЕШ ДА
НИ ВЕРУВАШ

Во Domato.mk лично ги запознаваме мажите и жените кои стојат зад производите и создаваат со пасија и почит кон земјата и природата.

Се информираме за методите на одгледување на овошјето и зеленчукот, условите на чување на животните и преработка на месото, како и техниките на производство на млечните производи. 

Со гурмански дух и префинет вкус ги селектираме деликатесите кое во себе ја носат традицијата на териториите од кои потекнуваат, а пред вас стојат без ниедна тајна.


НАЈСВЕЖИ
ПРОИЗВОДИ

Работиме напорно за секогаш да добиете свежи производи. Ги алоцираме ресурсите во кратка и брза логистика бидејќи сакаме да го добиете производот свежо набран и подготвен за вас, директно од производителот, притоа користејки модерни ладилници за транспорт.


ВО НАЈКРАТОК
МОЖЕН РОК

Нашиот современ, брз и безбеден онлајн систем за нарачки заедно со нашата логистичка структура овозможува да правиме достава на свежи продукти за помалку од 24 часа.

Од свежи сезонски салати, зеленчук и овошје, па се до деликатесни сирења, јајца, месо, свежа риба, тестенини и неоткриени вина на Domato.mk.

Истражете ја нашата понуда и пробајте повеќе од 1000 производи, кои ги избравме само за вас >

НЕМА ПОТРЕБА ДА ЧЕКАТЕ,
ВО ДОМАТО СТЕ СЕКОГАШ ПРВИ НА РЕД.