Winery Peshkov Temjanika
Во кошничка имате 0 парчиња.
Сортата на вино Темјаника на семејната винарија Пешков се карактеризира со жолтасламеста боја, а преовладува мирисот на зрела круша, измешан со ноти на овошни плодови и босилек.
Ова вино е создавано со 10 часовна ладна мацерација, што помага во ослободување на терпените или народски кажано, се ослободува и збогатува аромата на виното.
Цветните ароми на Темјаниката од Пешкови одлично одат со свежи зелени салати, но и овошни салати, а често се служи и како десерт. Темјаниката на оваа винарија е во лимитирана серија од 666 шишиња, ѓаволски привлечно.
| Наименување |
Бело вино
|
| Состојки |
Грозје, темјаника
|
| Тежина |
750 мл
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Стаклено шише со тапа
|
| Регион |
Тиквешко виногорје, микролокалитет с. Ресава
|
| Година на производство |
2021
|
| Алкохол (%) |
14%
|
| Остаток на шеќер |
4 гр / Л
|