Кувет
Ние претендираме нашите производи да се сертифицирани како органски, но и како производи со строго контролирано географско потекло. Заради тоа имаме сопствено прозводство на суровина и свои кооперанти. Насадите се влезени во постапка за органска сертификација. Калинката е органски производ, кој не се третира ниту со пестициди, хербициди, инсектициди, ниту со други хемиски средства.
Нашите производи се без
конзерванси, додадени шеќери, бои и адитиви, произведени по пат на чисти
природни процеси на производство зачинети со многу љубов.
Сместени сме во југоисточниот
агол на прекрасната македонска земја, во Валандово – органската бавча на
Балканот, каде што симбиозата на медитеранот и континентот навистина се
потрудиле да го дадат најдоброто од себе, раскажува Ристе Гошевски.