Рибен Колаген
Во кошничка имате 0 парчиња.
КОЛАГЕН – ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА
Колагенот често се нарекува еликсир и протеин на младоста, што не е изненадувачки затоа што е одговорен не само за силна, густа и сјајна коса, туку и за здрави зглобови и кожа, убави нокти и е од голема важност за одржување на здрави заби, тетиви и очи. Исто така, ги обвива мускулите и индивидуалните мускулни групи и ги штити крвните садови и нервите.
Постојат добри и лоши вести кога станува збор за колагенот. Добрата вест е дека нашето тело има можност постојано да го обновува колагенот, додека лошата е што оваа способност се намалува. Се верува дека на возраст помеѓу 21 и 30 години, човечкото тело во просек губи околу 1,5 процент на колаген, а до 40-тата година од животот губи дури 15 проценти.
Чистиот рибен колаген тип 1 во прашкаста состојба е ензимски хидролизиран во пептиди, со мала молекуларна големина за оптимална апсорпција и искористување од страна на организмот. Колаген тип 1 е структурен протеин кој е одговорен за јачина на коските, тетивите, лигаментите, кожата, ноктите, коса и другите ткива низ целото тело.
ДЕЈСТВОТО НА КОЛАГЕНОТ ВРЗ КОЖАТА: За среќа, младешката структура на кожата може да се одржи во позрела возраст, но потребно е да се дејствува одвнатре и да се стимулира телото да произведува колаген. Ова можеме да го постигнеме со консумирање храна богата со витамин Ц, како што се јагоди, црвени и зелени пиперки, киви и многу други, со оглед на тоа дека антиоксидансите кои се наоѓаат во витаминот Ц го стимулираат производството на колаген. Сепак, самото внесување на храна не е доволно, така што на телото му треба помош во форма на додатоци во исхраната како што е COLLAGEN PEPTIDES 1 . За формирање на зрели колагенски влакна е потребна реакција на три ензими, а работата на овие клучни ензими е директно или индиректно стимулирана од холин-стабилна ортосилицична киселина.
| Наименување |
Рибен Колаген
|
| Состојки |
Колаген пептид (рибен)
|
| Тежина: |
150 гр
|
| Земја на потекло: |
Италија
|
| Пакување |
Метална кутија
|
| Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
| Начин на чување |
Да се чува на суво, ладно и темно место
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
365 Kcal / 1,582 КЈ
|
| Масти |
< 0.1 г
|
| од кои заситени |
< 0.05 гр
|
| Јаглехидрати |
< 1 гр
|
| од кои шеќери |
< 0.1 гр
|
| Протеини |
> 85 гр
|