Еколошки чистач на туш кабини со пумпа 500мл
Во кошничка имате 0 парчиња.
Опис
Средството за чистење на туш WINNI”S е наменето да го одржува тушот чист многу подолго без напор . Средството се фиксира на зидовите на туш кабината, брзо ја суши водата и на тој начин спречува таложење на бигор, појава на мувла и флеки од сапун.
Зошто е добар?
Има пријатен и свеж мирис. Со оглед на тоа што се користи за површини што често доаѓаат во контакт со кожата важно е да се истакне дека не е штетен за неа и е хипоареген. Производот е тестиран за присуство на никел, кобалт и хром (вредност <0,2 делови на милион ), одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди.
Начин на користње
Првиот пат се препорачува да се исчисти со WINNI”S против бигор ( доколку е потребно) за да се добијат подобри резултати. Исплакнете ги сите траги од сапун од површините пред чистењето. Погоден за стаклените површини на туш кабината, плочките и туш батеријата. Испрскајте на растојани од околу 15 см и исплакнете.
Добро е да се знае
Појавата на мувла помеѓу плочките се должи на составот на фугата, кој е на цементна основа и е многу порозен . На пазарот има и многу помалку порозни фуги, наменети за плочки во бања кои ја намалуваат можноста за појава на мувла.
| Наименување |
Еколошки чистач на туш кабини со пумпа
|
| Хемиски состав |
Помалку од 5% нејонски површински активни материи, етил алкохол, мирис
|
| Тежина |
500 мл
|
| Земја на потекло: |
Италија
|
| Пакување |
Пластичен диспензер со пумпа
|
| Рок на траење |
4 години од датата на производство
|