Еколошко средство за подни површини со мирис на бели цветови 1 лт.
Во кошничка имате 0 парчиња.
Опис
WINNI’S за подни површини е наменет за чистење и дезинфекција на сите површини во домот . Со оглед на тоа дека подовите се можеби најголемата површина во домот и дека истите ги чистиме често, важно е средството да не е алергено. WINNI’S е идеален за оваа намена токму заради тоа, создаден е, ризикот од алергии да го сведе на минимум.Содржи состојки добиени од суровини од растително потекло.
Зошто е добар?
Производот е хипоалерген и е тестиран за присуство на никел, кобалт и хром (вредност <0,2 делови на милион ). Концентриран е, со само еден литар од производот се чисти до 40 пати (доколку чистите еднаш во два дена, ќе трае 3 месеци). На овој начин нудиме економски и еколошко одржлив производ т.е. помалку пластика и поретко одење во маркет. Одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди.
Начин на употреба
Разреден во вода: истурете половина капаче (25 ml) вво кофа со 5 литри вода и избришете го подот.
Не е потребно да плакнете.
Неразреден: Ставете од производот директно на влажна крпа или сунѓер и потоа исплакнете.
Добро е да се знае
Го вдишуваме во воздухот средството со кое чистиме. Разреденото средство кое го нанесуваме површините, потоа испарува и на тој начин станува воздухот кој го дишеме. Употребата на хипоалерген производ тестиран за тешки метали ја намалува можноста за појава на алергии.