Bucen Kozjak Cow yellow cheese
Во кошничка имате 0 парчиња.
Кравјото Жолто Сирење не е типичено за нашето поднебје, но неговиот вкус го прави посакувано за сите генерации. Ова сирење има висока нутритивна и биолошка вредност и одлично се вклопува со различни јадења и рецепти кои се традиционални за македонската кујна.
Кравјото Жолто Сирење на Бучен Козјак се прави по домашен рецепт, од кравјо млеко, на кое му се додава стартер култура и посебно сирило, овој микс подоцна одлежува, сирењето зрее и се добива добро познатиот и препознатлив вкус.
Како и сите останати млечни производи на Бучен Козјак, така и жолтото кравјо сирење се одликува со богат вкус, кој ќе ги заголицка вашите непца и ќе ја разбуди вашата фантазија за храна. Инаку е одлично и лесно се сервира како мезе, погодно е како дополнување на трпезата, но претставува и главна состојка за многу рецепти.
| Наименување |
Кравјо жолто сирење
|
| Состојки |
Пастеризирано кравјо млеко, сол, стартер култура и сирило
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Вакуум
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература од 0 - 6 °C
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
1705 kJ / 407 kcal
|
| Масти |
32 гр
|
| Јаглехидрати: |
5 гр
|
| Протеини: |
25 гр
|
| Сол |
5 гр
|