×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Препорачано од Slow Food Macedonia

Слоу Фуд Македонија е дел од меѓународната мрежа на Slow Food со членови и подржувачи во 160 земји во светот, кои го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон својата заедница и животната средина. Slow Food се залага секој да има пристап до храна која е добра, чиста и правична.

Слоу Фуд Македонија се залага за одржлива храна  базирана на зачувувањето на биодиверзитетот  и традицијата. Својата мисија ја реализира преку едукација кампањи и промоција, во изградба на нова гастрономска култура инспирирана од традицијата, разновидните земјоделски производи од локалните производители и знаењето на новите генерации за одржлив развој.