Пиперките се вбројуваат во најзастапените зеленчуци на нашите трпези. Македонија има особено погодни почви за култивирање на високо-квалитетни сорти пиперки, како бабури, феферони, чили, зелени пиперки, ајварки итн. Овој зеленчук има специфични вкусови карактеристики и навистина широк спектар на употреба – од свежи салати, полнети пиперки, лути пиперки, ајвар и различни зимници, па сè до зачини од сушени пиперки. Сите сме слушнале дека пиперките се можеби најбогатиот природен извор на витамин Ц. Побогати и од лимонот и портокалот.
Својства и придобивки на зелената бабура:
Пиперките се густо-нутритивна храна, односно имаат висока нутритивна, а ниска калориска вредност. Содржат висок процент на вода(над92%). Во 100g свежа пиперка се содржат само 31kcal, од 6g јаглехидрати(4,2g шеќери), 1g протеини и 0.3g масти.
Исто така, тие се извор на низа моќни антиоксиданти кои претставуваат одбранбен механизам на телото. Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.
Ова е случај заради тоа што го намалуваа гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост.
Високата концентрација на витамин Ц е значајна за метаболизирањето колаген – важен протеин за кожата и косата.