Фуд Бар е местото каде што се спојуваат сите вкусови на природата. Овој млад бизнис, кој постои веќе 5 години е еден од ретките од ваков тип во нашата земја. Луѓето од Фуд Бар имаат една и единствена мисија, а тоа е да овозможат свежа и здрава храна за секое македонско семејство.
Во Фуд Бар, салатите се секогаш свежи, природни, но пред сѐ тие се вкусни и создавани со љубов. Можеме да кажеме дека тука секој експеримент со зеленчукот раѓа нов атрактивен вкус кој е неодолив и во кој ќе уживате.
Фуд Бар е прва компанија во Македонија чија главна дејност е пакување на свежо сецкани салати. Ова подетално значи, дека тие салатите темелно ги мијат со три води, потоа ги сушат, па ги пакуваат во специјални PP anti-fog ќеси со микроперфорација, кои даваат поголема трајност на продуктот. Како такви, салатите се подготвени за инстант употреба или како што тие сакаат да кажат – it’s a salad to go.
Состојките, но и самите салати од Food Bar, потекнуваат од плодната земја, обработена од најдобрите и најпосветените земјоделци од Македонија.