×

Cart

Your cart is empty.




Green hot pepper

Во кошничка имате 0 гр.
  • 110 ден.

Тие не само што се многу вкусни, туку претставуваат и права ризница на корисни и здрави состојки (минерали, витамини, каротиноиди, флавониди). Пиперките можат да бидат благи, или толку лути што многу луѓе ги сметаат за незаменлив афродизијак. Пиперката има разни бои и форми, а воопшто не е правило дека црвените пиперки се и најлути. Има и зелени пиперки кои се толку лути што го жарат јазикот и непцето. Во народната медицина, пиперката се користи како антидепресив, антиреуматик, афродизијак, антисептик и диуретик.

Пиперката потекнува од Јужна Америка, а Шпанците ја донеле во Европа во 15-от век. Плодовите на пиперката ги разликуваме по форма, боја, но и по мирис и вкус. Пиперката се користи за подготвување на салати и јадења, но и за разни пијалоци. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот.

Верувањето во афродизијачкото својство се темели на влијанието на пиперката на циркулацијата. Таа ја забрзува циркулацијата во телото.

Својства и придобивки на лутата пиперка:

Лековитоста на лутата пиперка во народната медицина никогаш не била ставена под знак прашалник. Таа е богата со минерали, витамини, посебно со витамин Ц. Таа е едно од најдобрите растенија - за добра циркулација, за запирање на крварење, за отстранување на болка. Она што лутата пиперка ја вбројува меѓу најдобрите лековити билки е тоа дека таа е во состојба да направи неверојатни нешта за многу кратко време.

Трик: Ако имате проблем со синусите, исто така можете да користите лути пиперки. Што треба да направите? Да се инхалирате со колку што е можно полута пиперка. Тоа ќе го направите со тоа што ќе сварите вода и додадете 1 лажичка мелена лута пиперка, а потоа ќе се наведнете врз тенџерето и ќе се покриете со крпа. Така треба да издржите неколку минути.

Наименување Лут зелен пипер Каварџик
Количина цена на кг
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Регион на одгледување с. Црешево
Одлично во комбинација со:

Слични производи

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се