×

Cart

Your cart is empty.




Bio Cosmos Organic tomato puree

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 119 ден.

Уште еден од вкусовите кои ќе не вратат во детството. Кај нас многу познат како салца, пасираниот домат е органски сертифициран и со висок квалитет. Многумина ќе се согласат дека доматите се идеалната храна. Тоа е така бидејќи тие се богати со витамини и минерали, а во нив има многу мал број на калории. Ова ги прави енергетско, хранливо и лековито овошје. И да, доматот е овошје, бидејќи овошките настануваат од цветот на растението, исто како и доматот. Но, иако важи за овошје, истиот се третира во кујната како вкусен зеленчук.

Органски пасираниот домат се прави од органски пасирани црвени домати, органски кафеав шеќер и хималајска сол. Тој може да се користи при подготовка на многу традиционални македонски, но и нетрадиционални рецепти и рецепти кои не потекнуваат во нашата кујна. Без разлика како ќе го подготвите, тоа што е важно е дека доматот ќе ви додаде вредност во секое јадење.

Наименување Органски пасиран домат
Земја на потекло: Македонија
Состојки Органски црвен домат, органски кафеав шеќер, хималајанска сол
Тежина 660 мл
Пакување: Стакло
Начин на чување Да се чува на ладно место. После отварање да се чува во ладилник и да се искористи во рок од 7 дена
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 25 kcal / 96 kJ
Масти: 0,2 гр
од кои заситени: 0 гр
Јаглехидрати 6 гр
од кои шеќери 6 гр
Протеини 1 гр
Сол 1,5 гр
Влакна 1 гр

Слични производи

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се