×

Cart

Your cart is empty.




Papas Food Garlic sauce

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 145 ден.

Овој деликатес е традиционален за Охридскиот регион, но баш во макалото од Папас фуд ќе го пронајдете вистинскиот автентичен и богат вкус. Во ова макало се користи исклучиво македонски лук, па така и производството на макалото е тесно врзано и со периодот кога вирее оваа сорта на лук. 

Инаку макалото на Папас фуд е направено само од 4 состојки – Македонски лук, сончогледово масло, вински оцет и сол, состојките се совршено избалансирани и така е добиен вкусот по кој ова макало е препознатливо. 

Макалото се прави исто како што се правело и пред стотици години од луѓето кои живееле во Трпејца и нејзината околина. Покрај одличниот вкус и хранливата вредност, макалото важи и за заштитник на вашиот имунитет и храна која ќе се погрижи за вашето здравје.  
Охридското макало можете да го вкусите намачкано на тазе потпечено лепче, со риба, охридски губи и тарана, со тестенини, но секако ќе оставиме и неколку комбинации да направи и вашата имагинација.  

Наименување Макало од лук
Земја на потекло: Македонија
Состојки Лук, вински оцет, сончогледово масло, сол
Тежина: 180 гр
Пакување: Тегла
Начин на чување Суво и темно место, на температура до 24 степени
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 331,4 kcal
Масти 30,9 гр
Јаглехидрати 8,64 гр
Протеини 1,7 гр
Сол: 0,45 гр

Слични производи

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се