Промотивно во месец октомври - минимален износ на нарачка 500 ден.
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Вини Фарма - Атанасовски

Компанија Атанасовски, односно Вини Фарма (с. Пеклани, Виница) се занимава со производство и дистрибуција на свежо свинско месо на територија на целата држава, со почеток од 2007 година, па сѐ до денес. Фармата е организирана по најголеми светски стандарди како еден затворен систем на производство и заокружена технолошка целина каде на едно место се одгледуваат сите категории на свињи. Од маторици, нерези, прасиња, товни свињи, па сѐ до приплодни назимки.

Благодарение на стручната оспособеност на вработените, добиваме врвни товеници со висок квалитет на месото БЕЗ ПРИСУСТВО на пестициди, хормони и антибиотици во исхраната на свињите.

Значаен фактор за нашето успешно производство претставува хемиски исправната вода, добар амбиент, квалитетна и избалансирана храна во фармата.

Нашите производите се изработени исклучиво од свежо свинско месо.

Во целокупниот процес на одгледување на свињите, па сѐ до обработка и дистрибуција на месото, строго се води сметка за исполнување на стандардите за биолошка и хемиска безбедност. Со постојана контрола на квалитетот, хигиената и имплементацијата на стандардите за квалитетна и безбедна храна, придонесуваме во одржување на нивото на квалитетниот живот на потрошувачите.