×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Volpe Pasini

Во срцето на Фриули, VOLPEPASINI е со сигурност една од најстарите винарии во североисточна Италија. Првите податоци кои го документираат почетокот на оваа винарија, датираат од XVIII век. Некаде во 70 години, заедно со неколку други „пионир производители“, VOLPEPASINI ја насочи својата енергија кон пронаоѓање на квалитет на совршенство. Кратко потоа излегува на странскиот пазар, за во моментов да продава 50 % од своето производство во странство.

Мисијата на VOLPEPASINI подразбира оригиналност (која се должи на тоа што овие вина потекнуваат од единствена и ексклузивна територија), долгорајност и пријатност.

Виновата лоза, која има способност како ниедно друго растение, да ја пренесе самата душа на земјата врз плодот, успева да даде оригинален и различен производ од оној што може да се добие во кој било друг дел од светот. Ова е самата суштина на лозата и главната причина за постоењето на Фљубителите на вино, единствен феномен според големината и интензитетот во целата палета на исхрана. За да се постигне оригиналноста, не смее да се игнорира тоа дека човекот треба да го сработи својот дел, односно да се грижи и да го штити она што природата е во состојба да го даде. Тоа е VOLPEPASINI.