Прва органска Задруга
„Kога поединците се здружуваат во задруга (заедничко вложување), генерираната моќ ја надминува моќта која може да се оствари дејствувајќи индивидуално“.
– Р. Бакминстер Фулер
Првата органска задруга е формирана од дванаесет членови кои се производители на мед, бадеми, јапонска јаболка, вишни, сливи, калинки, маслинки како и преработки на истите. Сите членови поседуваат сертификат за органско, добиен од страна на Тело за инспекција и сертификација. Нашите плантажи и пчелни семејтсва се наоѓаат во Охрид, Куманово, Валандово, Дојран и Богданци.
НАШАТА МИСИЈА
Преку здружување на нашите производители, носиме здравје и среќа со органски производи во сите домови. Едноставно, органско – како начин на живот.
Членовите на нашата задруга се обединети со јасна визија и заеднички цели. Работиме заедно, со споделување на искуства и знаења, да го произведеме најдоброто.