×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Винарија Попови

„Вински подрум Попови“ е мала семејна винарија, отворена во 2017 година. Иако е временски млада, сепак, вистинската приказна на оваа винарија започнува многу одамна заедно со нивните предци. Сопствениците Гоце и Весна Попови успеваат да ја претворат долгогодишната традицијата од нивните дедовци во винарија со капацитет од 6 000 шишиња. Во оваа винарија виното се произведува со многу љубов и посветеност, а секое зрно грозје поминува низ рацете на фамилијата Попови.