×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Месара Мерак

Името на оваа месарница чиј сопственик е Александар Поповски, потекнува од неговата желба, страст и посветеност, да им понуди на своите сограѓани вкусно, квалитетно и здраво месо. Иако оваа месарница е основана од неодамна, сепак Александар важи за еден искусен месар кој во својата палета нуди само проверени и свежи производи, исклучиво од македонски производители и фарми. Секој продукт е внимателно одбран лично од Александар, а нивното производство е строго контролирано од него. Неговата философија за бизнисот кој го работи е “Свежо и квалитетно месо, достапно веднаш”. 

Во склоп на неговата месарница има и посебна просторија за димење на месо т.н. димница. Таа работи по највисоки стандарди, што значи дека за да се добијат производи со висок квалитет, тие се преработуваат само со обична јодирана сол и се димат на традиционален македонски начин на дрво од бука. Овие производи за разлика од обичните сувомеснати производи се помалку калорични и се погодни за употреба во диети и Хроно исхрана.