×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Фамилија Шуперлиски

Пчеларската фарма за органско производство на мед ШУ-МИ ДОО Берово е продолжение на над 100 годишната традиција на пчеларење на фамилијата Шуперлиски. 

Со комбинацијата на новите технологии искуството и традиционалното пчеларење, произведуваме мед и пчелни производи кои со својот квалитет ги задоволуваат и најстрогите европски стандарди и е резултат на повеќе фактори меѓу кои:

1.Локација: нашите пчеларници се лоцирани длабоко во недопрените предели на Малешевските Планини и се оддалечени над 20км од најблискиот асфалтен пат или населено место пристапно само со теренско возило.

2. Стандарди на пчеларење и производство: нашите производи се произведени во согласност со “Органските стандарди за  производство” што подразбира почитување на моралните и етичките димензии во производството од еколошки, социјален и економски аспект. 

Резултат од ваквиот начин на производство е производ со извонреден квалитет кој е 100% природен и во постоечката меѓународна класификација на медови е во категоријата на медови со највисок светски квалитет за кој целосно гарантираме.