Crux
CRUX е огромна желба на млади луѓе инспирирани од својата цел: да го приближат здравиот начин на живот до сите генерации, преку вкусни и нутритивни производи.
Нивното патување започнува со отварање на бар за здрава храна, за да продолжи кон производство на путери од јаткасти плодови.
Во моментот произведуваат путери од кикирики и лешници, кои секако се појдовната точка на она кое што крајно го имаат како визија.Подготовката на путерите CRUX е без користење на додатоци, односно 100% природен производ без сол, шеќер и масла.
Станува збор за мало производство низ кое внимателно е одбрана суровината, пакувањет тегличка по тегличка во која се задржани сите хранливи материи за да добиеме производ со сите здраствени придобивки кои ги има суровината од која што се прави.
Главна состојка која ги прави CRUX путерите толку вкусни е несомнено љубовта со која го надополнуваат секој процес од производството.