×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Биомелан

Биомелан е компанија која што произведува ладно цедени сокови од органски одгледана аронија, како и сокови во комбинација со аронија. Принципот на производство е без додаток на вода, шеќери, адетиви и конзерванси. Преку пастеризација, со тоа што се задржуваат сите хранливи материи на овошјето, а производот останува безбеден за конзумирање. Локација -Биомелан е со седиште во преубавата Струга. Предел што сончевите зраци посебно ја зрачат аронија која е засадена на 7,5 ха на сопствени плантажи, затоа е со особена и нестандартна блажината на самата аронија а воиедно и сокот. Нашата грижа за производот започнува уште при одгледувањето на суровината односно на аронијата. Вклучени во целосниот процес од одгледување до цедење и пакување гарантираме за квалитетот на крајниот производ кој што веќе 5 години постои на пазарот во Македонија. Балкан биосерт е сертификациското тело што го докажува органскиот сок од аронија.