×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Винарија Орданчо Иванов

Желбата да ја продолжи традицијата од својот дедо и татко кои правеле вино за свои потреби, Орданчо Иванов ја започнува својата авантура пред 20 години во светот на винарството. Благодарение на големиот интерес за оваа култура и традиција, тој винарството го унапредил и поставил на високо ниво.

Орданчо располага со сопствени лозја кои се наоѓаат во атарот на селото Сопот, во околината на Кавадарци. Лозјата се засадени со белите сорти Темјаника, Смедеревка и Малвазија. Станушината и Вранецот ги купува од лозари кои го одгледуваат грозјето по желба и вкус на винаријата Иванов.

Следејќи ги светските трендови, како и зголемените трошоци на вештачките ѓубрива, но најмногу заради грижата и заштитата на околината, тој има во план да започне со органско производство, а истото во иднина да го унапреди и во биодинамично производство.