×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Caffarel

Тоа не е само чоколадо, тоа е Џандуја! Создавачи на Џандујото. Тоа е Caffarel.

Во 1826 год, Пол Кафарел ја отворил својата лабораторија во Торино и тука се зачетоците на една од првите фабрики за чоколадо во Италија и во Европа. Во тоа време многу малку луѓе слушнале за чоколадо, а уште помалку го пробале. Но, благодарение на Пол Кафарел градот брзо прераснува во престолнина на прозводството на чоколадо.

Џандујото (Gianduiotto) се раѓа во 1865 година. Тоа е најпрочуениот производ на Кафарел. Џандујоти е комбинација од какао и печени пијемонтски лешници. Уште во самото прозиводство се користи уникатен метод која се нарекува „екструзија“.

Испреплетувајќи ги традициите со иновацииите, Кафарел го создава и Пијемноте. Тоа е вистинско чоколадно задоволство, комбинација на кадифено нежна чоколада Џандуја и крцкави цели лешници со висок квалитет.

Меѓутоа во производството на чоколади и чоколадни десерти иновативноста нема крај. Така од 1990 г. Caffarel се фокусираат и во производството на чоколадни бонбони, кои го имаат истиот врвен квалитет на добро познатите Caffarel чоколади.

Во Caffarel се користат висококвалитетни италијански лешници и квалитетни зрна од какао за да се добијат неверојатно вкусни чоколадни десерти.

И денес во производството се запазува истата занаетчиска култура која ја внел Пол Кафарел во неговата фабрика уште во 1826 година. Уникатниот метод во прозиводството на Џандујото наречен „екструзија“, е начинот по кој се создава мајстортството во занаетот во прозиводството на чоколади, со цел да се добие таа совршена кадефена текстура. Вниманието кон деталите и кон високиот квалитет на прозиводите го прават Caffarel во еден перфектен чоколаден подарок!